-->
-->
Кажете ја вистината
-->
Поранешниот дологогодишен менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер повторно го критикуваше семејството на седумкратниот светски шампион, обвинувајќи ги дека ја „кријат вистината“ околу состојбата на Германецот.
Вебер, кој го предводеше Шумахер до врвот во Формула 1 во меѓувреме го направи еден од најбогатите европски спортисти, вели дека фановите заслужуваат повеќе.
„Навистина е несреќно што навивачите не знаат за неговото здравје. Зошто веќе не ја кажат вистината?“, изјави Вебер за „ТЗ“.
Шумахер доби сериозна повреда на мозокот при пад на скијање во декември 2013 година, и оттогаш неговото семејство се грижи да не излезе никаква информација за неговата состојба, и наместо тоа се бори на суд со тие кои објавуваат негативни извештаи во медиумите.
Магазинот „Бунте“ оваа година плати отштета од 50.000 евра на семејството за написот во кој тврдеа дека Шумахер може да оди. Последните шпекулации велеа дека се планира преселба на Шумахер во Тексас, САД, каде што би одел на третман кај специјалист за повреди на главата.
Ова не е првпат Вебер да побара повеќе информации.
„Семејството Шумахер не ја кажува целата вистина околу неговата состојба. Сопругата на Шумахер, Корина спречува да имам било каков контакт со него. Се обидов десетина пати да добијам дозвола за посета“, додава Вебер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот