Хилари Клинтон повторно ги обвини младите велешани за нејзиниот изборен пораз

Поранешната прва дама и државен секретар на САД, Хилари Клинтон повторно ги обвини групата млади луѓе од Велес, кои пишуваа критички вести за неа, за изборниот пораз што го претрпе минатиот ноември од актуелниот американски претседател Доналд Трамп.
Во интервју за Би-Би-Си, дадено за време на нејзината посета на Велика Британија, Клинтон го повтори обвинувањето што првпат го изнесе во јуни.
- Нашите разузнавачки служби велат дека (рускиот претседател Владимир) Путин лично бил мотивиран од нетрпеливост кон мене. Тоа е делумно затоа што како државен секретар јас посочував на кршењето на човековите права во Русија и на нелегитимноста на нивните избори. Путин сака да ги поткопа НАТО, Европската Унија и стабилноста на Америка, и има доста искуство од советско време, па до денес во подготовката на пропагандни кампањи. Постојат организации за создавање материјали, т.н. контент фарми, во места како што се Македонија, од каде се пуштаат лажни вести. Имаме Руси кои се претставуваа како Американци и ме напаѓаат мене лично. Тоа беше дел од нивните активности, со кои сееја недоверба и поделби, изјави Клинтон во интервјуто за Би-Би-Си.
Таа обвини дека Русија сакала да му помогне на Трамп да победи на изборите, но не се надевала дека руските активности ќе бидат толку успешни.
Американски медиуми, меѓу кои и Базфид и Си-Ен-Ен, повеќепати го посочуваа Велес како центар од каде група млади луѓе ширеле лажни вести за Хилари Клинтон преку наменски создадени интернет портали или социјалните мрежи.
Ново на Сител
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
-

Ученик претепан на голем одмор пред среднo училиште во Скопје, еден од напаѓачите извадил пиштол
-

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври
-

Ученик физички нападнат од наставник во основно училиште во Шуто Оризари
-

ОКТА воведува попуст од два денара по литар дизел гориво
