-->
-->
Британските лабуристи најавуваат блокада на Брегзит ако нема договор со ЕУ
-->

Преговорите за Брегзит меѓу Лпндон и Брисел во моментов се во застој поради несогласувањата околу висината на средствата што треба да ги плати Велика Британија за „разводот со ЕУ“, како и околу идните односи меѓу земјата и Унијата.
Повеќе претставници на британската Влада и на владејачката Конзерватива партија претходно најавија дека Велика Британија би можела да ја напушти ЕУ и без да биде постигнат договор со Брисел.
Со владиниот план за Брегзит, Владата вети дека договорот за Брегзит ќе го достави на усвојување во Парламентот, но сепак пратениците не можат да ја блокираат еветуалната одлука на Кабинетот за излез од ЕУ без договор.
Мекдонел, кој е еден од најблиските соработници на лидерот на лабуристите Џереми Корбин, меѓутоа тврди дека лабуристите имаат доволна поддршка во Парламентот за да ја блокираат идејата за Брегзит без договор.
- Не мислам дека (Брегзит без договор) е реално можен. Тоа нема да се случи. Не мислам дека има доволно мнозиство за напуштање (на ЕУ) беа договор, изјави Мекдонел за Би-Би-Си.
Тој тврди дека лабуристите имаат доволно мнозинство во Парламентот за донесување закон, кој би ја оневозможил Владата да донесе одлука за Брегзит без да биде постигнат договор со ЕУ за тоа.
Од друга страна и британскиот министер за транспорт Крис Грејлин во изјава за Би-Би-Си нагласи дека не очекува Велика Британија да ја напушти ЕУ без да биде постигнат договор со Брисел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица