-->
-->
„Галските петли“ го сакаат за селектор?!
-->
Каталонскиот спортски весник „Мундо депортиво“ тврди дека тренерот на Реал, Зинедин Зидан, би можел по завршувањето на сезоната да го напушти клубот. Според истиот извор, извесно е дека Зидан ќе ја преземе фудбалската репрезентација на Франција.
„Извесно време се врти приказната дека Зидан ќе го наследи Дидие Дешамп на клупата на француската селекција. Од претседателот на Сојузот, па до Рафаел Варан, сите се убедени дека Зидан има сѐ што е потребно за да биде селектор.“
Опцијата Зидан да биде селектор постоеше и во минатото, но „Мундо депортиво“ тврди дека тоа ќе се случи по завршувањето на Светското првенство во Русија кога ќе истече договорот на Дешамп.
И анкетите што се направени на оваа тема јасно покажуваат дека Французите сакаат Зидан да биде новиот селектор на репрезентацијата. Како што расте поддршката за Зидан, така опаѓа довербата што кај фудбалските фанови и јавноста ја има Дешамп.
Во Франција владее мислење дека актуелниот селектор не знае како да го искористи потенцијалот што го поседуваат Мбапе, Гризман и Погба и дека репрезентацијата стагнира уште од финалниот меч на Европското првенство во 2016 година.
Зидан одбива да се изјасни по ова прашање, но сите се убедени дека доколку му биде понудено селекторското столче, тој нема да одбие. Од друга страна, првиот човек на реал, Флорентино Перез, порачал дека легендата ќе остане.
Она што е најинтересно е дека по мундијалот во Русија, германскиот селектор Јоаким Лев ќе ја напушти селекторската позиција, а токму Германецот е најголемата желба на Перез.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотна казна за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник