-->
-->
Седуммина турски армиски лица добија доживотни казни затвор поради обидот за пуч
-->
Суд во Истанбул осуди седум армиски припадници на доживотен затвор поради вмешаност во минатогодишниот обид за преврат во државата.
Тие беа прогласени за виновни по обвиненија за уривање на уставниот поредок, јави Си-Ен-Ен Турк.
Петмина од нив добија по уште 200 години затвор секој од нив, а другите двајца по 166 години и осум месеци. Медиумот јави дека армиските лица окупирале логистички центар во Истанбул и џамија.
Турската Влада смета дека организатор на обидот за пуч на 15 јули 2016 година е исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кој живее во САД
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар