Бизнис
10. October 2017 - 14:06

Пониски цени и помалку вработени, очекуваат раководителите на градежните фирми

Намалување на продажните цени во градежништвото во наредниот период, но и на бројот на вработени, очекуваат раководителите на градежните фирми. 

Во денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика за  деловните тенденции во градежништвото, раководителите изнеле поповолни очекувања за договори за градежни работи во третиот во однос на вториот квартал годинава.

Оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е поповолна, додека оценката за финансиската состојба е понеповолна во однос на претходното тримесечје.За економската состојба во третиот во однос на вториот квартал изнеле понеповолна оценка, а поповолна споредено со третиот квартал. 

Индикаторот на доверба во третиот квартал, според нив, е еднаков како и во вториот квартал и изнесува 0,9 проценти, а е зголемен за два процента  споредено со третиот квартал лани.

Бројната состојба и квалитетот на  механизацијата и опремата се над нормалата. 

Најголемо влијание врз ограничувањето на подобрувањето на тековната градежна активност имаат: зголемените трошоци за материјали со 22,6 проценти, немањето побарувачка со 16,8 проценти, конкуренцијата во сопствениот сектор со 14,5 проценти и зголемените финансиски трошоци со 12,8 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.