Со Фиќо од Гевгелија до Швајцарија на изложба која завршила со признание и награда
Има помеѓу Вас едни генерации носталгични по Југославија кои што се сеќаваат на Алија Сиротановиќ. Рударот од Босна и Херцеговина кој што со своите 8 рудари за 8 часа ископал 152 тона јаглен и го срушил дотогашниот руски рекорд за дури 50 тона. Другарот Тито како награда му понудил се што ќе посака. Сиротановиќ побарал поголема лопата, подоцна именувана по него сиротановичка. Но на инсистирање на Маршалот, сепак се одлучил Фиќо.
Оваа југословенска национална класа од мене е постара цели 12 години. Чичко Миле од Гевгелија, од друга страна пак бил сведок на оние скоро милион фиќовци произведени во поранешна Југославија.
43 години бил професионален возач на товарни камиони. Денес во пензија, Миле Мицковски е најстариот вљубеник во овој добар стар шармер на четрири тркала. Го купил од неговиот прв сопственик, го дошминкал, по малку сменил и внатрешност и го подготвил за изложби ширум Европа. Најдалеку досега, возеле до Швајцарија.
На скоро сите патувања и изложби досега, Фиќото на Миле било вистинска атракција. Секое патување наместо со скршена спојка се завршувало со признание и награда.
Нема пари кои што можат да ја купат оваа југословенска љубов.
На 18 ноември 1985 година, Фиќо ја напушта производната лоинија во фабриката во Крагуевац. 16 години подоцна се раѓа Кристијан. Нема ништо заедничко со Југославија, но има со чичко Миле. Ако овој вториот е најстариот, Кристијан е најмладиот љубител на Фиќо но и учесник на Фиќијадите ширум Европа.
Вели ако научиш да возиш Фиќо, ќе можеш се да возиш.
Секаде на време и секогаш оригинални. Љубовта кон фичото не е бурна. Напротив, тивка е и спокојна. Данте Гикоса може го дизајнирал само за потребите на среќните и трпеливи југословенски семјества. Но не знаел дека и 6 децении подоцна, кога семејствата наместо југословенски, ќе бидат српски, хрватски или македонски, одморот во Дубровник со Фиќо, ќе се прераскажува со генерации.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
