Коневски: Изградба на ново средно училиште во Аеродром
Заеднички проект за изградба на гимназија во општина Аеродром презентираа денеска кандидатите за градоначалници на оваа општина и на Град Скопје Ивица Коневски и Коце Трајановски.
Додаде дека соработката со Градот Скопје и со градоначалникот Коце Трајановски е одлична веќе осум години и оти дава видливи резултати.
– Очекувам оваа соработка да продолжи и натаму во интерес на жителите на општината. Граѓаните го заслужуваат тоа. Аеродром мора да оди напред, Скопје мора да оди напред, истакна кандидатот за градоначалник на општина Аеродром Ивица Конески.
Деталите за овој капитален проект ги соопшти и кандидатот за градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски.
– Аеродром е општината со најголем развој во Скопје изминативе неколку години, преку изградбата на неколку нови населби, пред се во околината на Ново Лисиче, како и урбанизацијата долж булеварот „Трета Македонска бригада“ и населбата Стар Аеродром. Ова е и многу „млада“ општина, ако се земе во предвид структурата на населението кое живее тука. Порастот на популацијата во Аеродром го наметна и барањето за изградба на ново средно училиште со гимназиска насока на територијата на оваа општина. Овој проект ќе се реализира во директна соработка со Општина Аеродром и Владата на Република Македонија, а изградбата на истото ќе чини околу 120 милиони денари. Со изградбата на ново средно училиште во Аеродром ќе се подобри достапноста на учениците до училиштата и ќе се унапредат условите во кои учат учениците, а со тоа и квалитетот на воспитно-образовниот процес, кажа Трајановски.
Покрај реализацијата на овој капитален проект, во областа на образованието предвидени се голем број на проекти, каде како најважни можат да се издвојат инвестициите во реконструкции на сите средни училишта, подобрување на условите за физичката настава преку изградба и реконструкции на спортските сали во средните училишта, продолжување на поддршката на талентираните и надарени ученици, како и изградба на нов објект на средното училиште „Кочо Рацин“.
Ново на Сител
-

300 килограми кокаин скриен меѓу банани запленет во Германија по информации од македонската полиција и ДЕА
-

Зеленски се надева дека резултатите од американските избори ќе донесат поголема помош за Украина
-

25-годишен тетовец ја нападнал сопругата па се заканувал на нејзиното семејство
-

Цените на угостителските услуги во октомври повисоки за 1,6 отсто на годишно ниво
-

Ѓорѓиевски: Младите заслужуваат свој дом - ослободување од комуналии за млади брачни двојки до 40 години
-

Секој трет што позајмил пари на пријател останал без позајмените парите, а многумина и без пријателството
-

Почина Алан Џонс, шампионот во Формула 1 од 1980 година
-

„Дојде денот да го вратам дресот со бројот 7“ – Роналдо официјално се збогува со репрезентацијата на Португалија

