„Димитрија Чупоски“: ВМРО-ДПМНЕ и нивните кандидати за градоначалници со најголема поддршка меѓу граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ се уште ужива најголем рејтинг кај граѓаните. Тоа го потвдри Институтот Димитрија Чупоски кој направи анкета на јавното мислење на репрезентативен примерок од од 850- 1200 испитаници, од 04 до 06 октомври оваа година.
Од кандидатите за градоначалници на Скопје, највисок рејтинг има актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски. Дека за него ќе гласаат се изјасниле 36,2%, а за неговиот противкандидат од СДСМ, Петре Шилегов ќе гласаат 26,1% од граѓаните.
Она што може да се заклучи од анализите е предност на кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Нестандардните гласачите кои излегоа на минатите избори, а кои беа пасивни минатите изборни циклуси, многу веројатно е дека на овие локални избори нема да излезат да гласаат. Кај албанското гласачко тело постои револт кон партијата на власт СДСМ, поради коалицирањето со ДУИ кои ја перцепираат како партија која долги години е на власт. Постои и 2.8 осто скриени гласачи кои не го соопштуваат своето мислење, а веројатно на денот на избори да се определат за опзициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија.
Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ со најголема поддршка во скопските општини Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром, Гази Баба, Бутел.
Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ уживаат најголема доверба и во поголемите градови ширум Македонија.
Ново на Сител
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата