Oсветена новоизградената црква „Свети Лука“ во Виница
Во присуство на голем број верници од Источна Македонија и со света божествена архиерејска литургија денеска во Виница беше осветен новоизградениот храм „Свети Лука“, ктиторство на виничанецот Горан Ангелов.
Со светатата божествена архиерејска литургија чиноначалствуваше неговото блаженство архиепископот г.г. Стефан во со служение на митрополитите Иларион и Аганатангел и свештеници од Брегалничката епархија.
Обраќајки им се на присутните верници поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан истакна дека денешното осветување на овј нов храм посветен на светиот апостол Лука се совпаѓа со одбележувањето на 50 годишнинатата од возобнувањето на МПЦ ОА.
Тој се заблагодари за ктиторството на Ангелов за овој велчичествен храм во Виница кој во иднина ке биде собиралиште на голем број верници од овој дел на државата. Поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан на ктиторот Горан Ангелов му додели орден од МПЦ за новоизградениот храм.
Агелов потоа пред присутните верници ја предаде во управување на МПЦ ОА црквата „Свети Лука“ во Виница.
Ново на Сител
-
Во Битола тешко повреден велосипедист откако во него удрил „цитроен“
-
Судиска двојка Николов и Начевски ќе судат во четвртфиналето помеѓу Франција и Египет
-
Уапсен 45-годишен Швеѓанец кој со автомобил се обидел да ја пробие оградата на руската Амбасада во Стокхолм
-
Малолетник се шетал со нож низ Чаир, полицијата го приведе
-
Приведено 33-годишно лице во Штип поради кражба
-
Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка
-
Од утре дожд, на некои места пороен
-
Невреме и поплави во Италија