Трамп: Ова е затишје пред бура
Ова е затишје пред бура, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за време на фотографирањето со воениот врв и нивните сопруги во Белата куќа.
- Момци, знаете ли ова што значи? праша Трамп за време на вечерата во Белата куќа. Ова можеби е затишје пред бура, истакна американскиот претседател, предизвикувајќи низа реакции и шпекулации на американските медиуми.
Додека едни веруваат дека забелешката се однесува на борбата против „Исламска држава“, други веруваат дека бурата ќе биде предизвикана од повлекувањето на потписот на САД од договорот за нуклеарна програма со Иран. Сепак, најгласни се оние кои стравуваат дека оваа реплика можно е да се однесува на воен одговор на Северна Кореја.
- Во оваа просторија ги имаме најдобрите воени лица во светот, ќе ви го кажам тоа, рече Трамп.
На инсистирањето на новинарите да каже на што мислел, тој само кусо одговори: Ќе видите.
Засега Белата куќа не даде појаснување на оваа изјава на Трамп, која предизвика вознемиреност во САД.
Ново на Сител
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески