Сведоштво за нападот врз Бајрам: Подготвени со шипки и секири не чекаа на улицата

Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари од Коалицијата „За подобра Македонија“, Елвис Бајрам бил нападнат за време на партиски активности во општината со кандидатите за советници, вели Аднан Мемет кој бил со него за време на нападот.
-На еден дел, таму каде што беше лоциран штабот на противкандидатот Курто Дудуш имаше лица кои беа веќе спремни. Беа спремни со секири, беа спремни со шипки и не нападнаа физички и со боксови. Ние им објаснувавме таму дека сме дојдени за нешто друго, дека посетата на улиците, односно со граѓаните на Шуто Оризари е по нивна иницијатива. Тие вербално не нападнаа, па откако физички не нападнаа, настана гужва и тоа беше целата работа, изјави Мемет, за Курир.
Потенцира дека по него и кандидато за градоначалник било удирано со боксови, шипка и секира.
-Апелирам до институциите односно до Државната изборна комисија и до Министерството за внатрешни работи да преземат мерки, рече Мемет.
Ново на Сител
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
