Делев: Во време на кампања државата е задолжена за 62 милиони евра
Економското цунами ни се случува пред нашите очи. Владата на СДС во период на изборна кампања се дрзна во вторник државата да ја задолжи за скоро неверојатни 62 милиони евра.
Министерот за задолжување по нарачка на Зоран Заев издава широка палета на државни хартии од вредност составена од: 6 месечни записи, 12 месечни записи, 2 годишни обврзници, 3 годишни обврзници и 15 годишни обврзници, со и без девизна клаузула.
Да почитувани граѓани, да потсетиме дека пред само недела дена расипничката влада на СДС државата ја задолжи за 76 милиони евра, додека до сега има задолжено над 250 милиони евра.
Додека, со најавеното задолжување во вторник, долгот на државата ќе се искачи за над 310 милиони евра, и тоа за период од само 4 месеци.
Со се стопените државни резерви од над 177 милиони евра, СДС успеа државата за 4 месеци да ја задолжи за неверојатни 477 милиони евра. Кои истите може да бидат искористени и за поткупување на гласови во текот на локалните избори.
Очигледно својата неспособност владата на СДС ја покрива на најскапиот и најлош начин, со безмилосно трошење на парите на граѓаните.
За ваквото несовесно работење следи одговорност, која многу скоро граѓаните ќе му ја испорачаат на 15-ти октомври.
Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени