Буџетот на АВРМ оштетен за милион денари, четворица примале плата, а не доаѓале на работа
Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Македонија е оштетен за дополнителни еден милион денари врз основа на примање плата на четворица службеници за извесен период. Тие не доаѓале на работа и не извршувале работните задачи во Агенцијата за вработување на РМ согласно дадените работни места, а редовно примале плата.
Ова денеска на прес-конференција го истакна в.д. директорката на Агенцијата за вработување на РМ Билјана Јовановска, која рече дека во тек се законски постапки за утврдување вина и одговорност како за лицата кои биле вработени и земале плата, а не доаѓале на работа, така и за нивните раководни лица и тоа раководителката на Центарот за вработување – Скопје, раководителот на Одделението за обуки и развој на човечки ресурси, кој и самиот не доаѓал на работа, раководителот на Секторот за обуки и развој на човечки ресурси, како и поранешниот директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија.
- Во согласност со позитивните законски прописи од овие лица ќе биде побарано да ја надоместат и материјалната штета настаната поради ваквото незаконито постапување и однесување од нивна страна. Благовремено пред надлежното јавно обвинителство ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, додаде Јовановска.
Ново на Сител
-
И граѓаните на БиХ ќе ги бојкотираат продавниците
-
АМСМ: Намалена видливост поради магла кај Д.Капија, Петровец – Велес, Битола и Прилеп
-
Без струја утре делови од Аеродром, Бутел и Карпош
-
Детектор анкета: Американската црна листа поттикнува истраги во Македонија
-
МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Струмица, стапуваат во сила мерки и препораки
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека