-->
-->
Ден на гравот по осми пат во Теарце
-->
По осми пат во организација на Центарот за едукација и развој од Теарце вчера во дворот од основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во овој општински центар во тетовскиот регион се одржа манифестацијата Ден на Гравот.
Според организаторите од Центарот за едукација и развој од Теарце манифестацијата има за цел запознавањето на младите со карактеристиките на гравот од тетовскиот регион и негова поголема промоција.
„Денот на гравот што го организираме со подршка на Македонското еколошко друштво и Пријателите на Шар како и општина Теарце веќе е автентична манифестација за овој регион со што освен што се промовира овој производ во делот на активностите од културата присутните имаат можност да присутвуваат на мултукултурна програма на која учествуваат деца од повеќе училишта од три општини Тетово, Теарце и Јегуновце како и локални културно уметнички друштва од разни националности. Сметаме дека со нашите осумгодишни активности на еден начин сме ги поттикнале соодветните институции да работат и на лиценцирање и бредндирање на тетовскиот грав. Истовремено во овој период сме организирале десеттина дебати на оваа тема низ ко учествувале над 5.000 жители со цел да придонесеме за зголемување на површини под тетовски грав во регионот“, рече претседателот на ЦЕД.
Како и досега за подготовката на овој деликатес беше задолжен Мирко Ѓорѓески од Теарце кој строго се придржува до стариот добар рецепт според кој 30 -те килограми грав заедно да се сварат со по 5 килограми месо, пиперки и кромид, околу 3 килограми морков со 50 литри вода што годинава ќе биде доволно за триста порции тетовски грав.
„Тетовскиот грав е прочуен и надвор од Македонија и е препознатлив со крупното зрно што е многу слатко и што не се троши кога се јаде туку зрната остануваат цели. Во зависност од тоа дали гравот е годинашен или од порано трае и неговата подготовка односно свежиот грав е готов за два часа варење додек постариот треба да се вари од 4 до 5 часа. Овогодинешниот грав поради сушата е поситен во однос на ланската година бидејќи освен влагата врз него влијание има и сонцето што го гореше подолго време“, изјави Ѓорѓески.
Редовен учесник на оваа манифестација е лиценцираниот производител на грва од селото Доброште, Среќко Анчески.
„Оваа година производството на грав во Тетовско е намалено за 90 отсто во однос на лани поради сушата па тоа влијае и на цената. Ако лани килограм грав чинеше 150 денари за килограм сега тој се продава за 250 денари. Теарце и Тетово порано со грав ја снабдувале цела поранешна Југославија така што евентуалното негово брендирање би помогнало земјоделците повеќе да го сејат со што и би се намалила потребата за увоз на грав од разни места“, смета Анчески.
Во рамките на Денот на гравот повеќе училишта од регионот се претставија со свои штандови пред присутните, а за нивна забава се погрижија и три културно уметнички друштва од тетовско.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја