Промоција на книгата „Црно на бело“ од стрип-авторот Игор Јовчевски
Во „Кафе Ли“ вечер од 19 часот ќе биде промовирана книгата со илустрации „Црно на бело“ од Игор Јовчевски, која е трето издание оваа година на издавачката куќа „Стрип квадрат“.
- „Црно на бело“ е книга со илустрации, плод на неговата креативна, повеќегодишна стрип-продукција и цртачка дејност. Книга во која, на еден автентичен начин, сликовно ги осмислува и прераскажува неговите авторски стрип-ликови, но и други вонвременски фигури од популарната култура, соопшти издавачот.
Игор Јовчевски е еден од најпознатите македонски илустратори и стрип автори. Професионално црта од 2004 година. Има освоено повеќе награди во областа на стрипот, но и за илустрација за деца на манифестации како: Меѓународниот салон на стрип во Белград, Балканската смотра на млади стрип автори во Лесковац, Меѓународниот салон на стрип во Велес, Саемот на книга во Скопје..
Ново на Сител
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција