Судири меѓу атинската полиција и група учесници во протестен марш
Во Атина избија помали судири меѓу грчката полиција и група млади учесници во протестен марш, организиран во знак на сеќавање на музичар и активист, убиен пред четири години.
Откако групата во западното атинско предградие Керацини ги искрши прозорците на локалната општинска зграда, фрлаше камења и најмалку еден „молотов коктел“ кон полицијата, припадниците на безбедносните сили одговорија со шок-бомби.
Во судирите никој не е повреден, ниту приведен.
Овој марш, како и оној од пред три дена, организирани од левичарски активисти, се одржа во знак на сеќавање на Павлос Фисас, кого пред четири години го убиија симпатизери на неонацистите, односно приврзаник на „Златна зора“. Неговото убиство покрена серија протести ширум Грција и доведе до истрага против „Златна зора“, а судењето против членовите на таа партија и натаму трае.
Ново на Сител
-
АА: Братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада
-
Ердоган: Нетанјаху ќе биде запрен како Хитлер
-
Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало
-
Музиката може да поттикне побрз раст и развој на растенијата
-
Јаневска: До крајот на мандатот услови за едносменска настава во сите училишта и ангажирање на 3000 вишок наставници
-
Фудбалски тим од третата грчка лига останал без опремата додека со траект патувал од Крит за Атина
-
„Јутјуб“: Кусите видеа ќе траат до три минути
-
Истражување: На кучето треба полека да му се говори