Харадинај: Актуелната верзија за демаркација на границата со Црна Гора е неприфатлива
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска уште еднаш повтори дека актуелната верзија на Договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора е неприфалива.
Според него, актуелната верзија ќе пропадне, а потоа ќе „остане на Црна Гора доколку сака повторно да преговара за договор со Косово за обележување на границата“.
- Оваа верзија за демаркацијата ќе пропадне, а потоа останува на Црна Гора дали ќе се согласи повотрно да се преговара за ова прашање или не, изјави Харадинај на средба со претставници на медиумите.
На 10 септември, ден по изборот на неговата Влада, Харадинај ги разреши Комисијата за демаркација на гранциата и нејзиниот претседател Мурат Меха, со образложение дека им истекол мандатот.
Од друга страна ,претседателот на црногорската Комисија за обележување на гранцата со Косово, Милан Пауновиќ, деновиве изјави дека очекува ова прашање да биде заокружено според веќе постигнатиот договор меѓу двете страни.
Шефот на косовската држава, Хашим Тачи, пак, во интервју за „Гласот на Америка“ искажа убеденост дека демаркацијата, формирањето на Заедница на српски општини и трансформацијата на безбедносните сили во војска на Косово ќе се реалзираат до крајот на годива.
Инаку, договорот за демаркација на косовско-црногорската граница е потпишан во Брисел кон крајот на август 2015 година. Претходната владејачка коалиција го немаше потребното двотретинско мнозинство за негова ратификација. Опозициските пратеници, меѓу нив и оние од партијата на актуелниот премиер Рамуш Харадинај, се спротивставија на Договорот со тврдење дека Косово со него губи повеќе од осум илјади хектари земја.
Ратификацијата на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора е останат услов кој Косово треба да го исполни за да добие визна либерализација од страна на ЕУ.
Ново на Сител
-
Банкомати со високи провизии за подигнување пари има низ целиот хрватски брег
-
Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега
-
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг
-
Регистриран земјотрес во Охрид и околината
-
Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани
-
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот