Во недела „Шопска свадба“ во кратовското село Куклица
Манифестацијата „Шопска свадба“ која традиционално се одржува на локалитетот Камени кукли во селото Куклица, Кратовско, е закажана за во недела, 24 септември, во организација на здружението Етно ризница, Куманово.
- И годинава, по трет пат, на овој препознатлив локалитет во Североисточна Македонија за време на одржување на настанот се очекува местото да заживее со неколкуте илјади посетители кои како и претходните години ќе го следат перформансот на свадбена веселба, традиционална од овој крај, наречена „Шопска свадба“, изјави Драган Јакимовски, организатор на манифестацијата.
Во првите две години на одржување, настанот се одвиваше со цела свадбена церемонија, со младенци кои возобновувајќи ги старите обичаи, се венчаваа во традиционални носии од Североисточниот регион.
- Годинава нема младенци, но манифестацијата ќе ја реализира целта на промоција и презентација на историското и културно наследство на жителите од Североистокот на Македонија, во кој значителен број се токму Шопите. Оваа година ќе се одржи сценска адаптација „Шопска свадба“, во изведба на членови на Културно-уметничкото друштво „Ѓоко Симоновски“ од Куманово, додаде Јакимовски.
На самиот локалитет Камени кукли во недела ќе бидат презентирани обичаите на шопскиот дел од регионот, а органзиаторите ги повикаа сите жители од овој крај да присуствуваат и да ја омасоват манифестацијата. Предвидено е да се одржи и пригодна културно-забавна програма.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци