Драма во Трудовата медицина во Прилеп, револтирана сопруга нападна лекарка

Надворешната Канцеларија за Криминалистички Работи-Прилеп поднесе кривична пријава против С.П.(63) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“ предвидено и казниво по чл. 382 од Кривичниотзаконик на РМ.
На 01.овој месец во службените простории во Центарот за здравје – Прилеп, во одделот Медицина на трудот, З.П. со пријавената С.П. од лекар за трудова медицина барале лекарско уверение за Ц и Е категорија.
Лекарката им објаснила дека со 56% активност на срцето според утврден закон не можело да му издаде лекарско уверение за Ц и Е категорија.
Пријавената изреволтирана почнала вербално да ја напаѓа и омаловажува лекарката по што почнала да и го трга здравствениот картон од рацете за да го земе, ја турнала и со сила го одзела картонот.
Пријавената заедно со сопругот со
викање и негодување заминале во ходникот и продолжиле со заканите и навредите.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
