Израелска брачна двојка убиена на Западниот Брег

Израелска брачна двојка е убиена на Западниот Брег, додека патувале со својот автомобил, во кој се наоѓале и нивните четири деца, соопшти претставник на израелската армија.
Сопружниците чиј идентитет не се открива, биле на возраст од триесетина години и биле цивили. Со своите деца патувале од населбата Итамар до соседната еврејска населба Елон Морех, кога врз нив бил отворен оган од автоматско оружје, од друго возило кое било во движење.
Децата на возраст од четири месеци, до девет години се повредени, но ниту едно од нив не е во животна опасност.
Инцидентот се случил синоќа, а веднаш потоа, целата област, во близината на палестинскиот град Беит Функ, била блокирана од војската и полицијата.Безбедносните власти трагаат по сторителот на убиството.
Израелскиот претседател Рубен Ривлин го осуди синоќешниот напад, означувајќи го како акт на тероризам.
„Израел ќе продолжи со својата храбра и непоколеблива борба против бруталниот тероризам, за да се обезбеди правото на четирите сирачиња кои синоќа ги загубија родителите и на сите други наши деца и внуци, да живеат во безбедност и во мир на израелската земја„- рече претседателот Ривлин.
Израелските медиуми откриваат дека на Западниот Брег, во реонот каде беше убиена брачната двојка, претходно, имало други два вакви напади, но тие поминале без фатални последици.
Милитантната палестинска група Хамас која ја има контролата во појасот Газа, го поздрави нападот и убиството на израелската брачна двојка.
Претставник на Хамас рекол дека се „благословени„ извршителите на убиството, порачувајќи дека оваа група ќе ги благословува сите убиства извршени врз еврејски доселеници на Западниот Брег.
Синоќешното убиство доаѓа непосредно по излагањето на премиерот Бенјамин Нетанјаху, во Генералното Собрание на ОН во Њујорк во кој ја изрази подготвеноста на Израел и на неговата влада, веднаш и без претходни условувања, да ги обнови преговорите (со Пелестинците).
Според израелскиот премиер Нетанјаху, обнова на преговорите не сака палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Ново на Сител
-

Предлог законот за ратификација на Договорот за изградба на железничкиот тунел меѓу Бугарија и Северна Македонија го помина комисискиот филтер
-

Белгија се откажува од проектот „и-полиција“ поради неисполнети очекувања
-

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи
-

Контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници во општина Кисела Вода
-

Германија нема наскоро да се приклучи на мировните сили во Газа, вели министерот за надворешни работи
-

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
