Врховен расправаше за пресудата на Костовски, за имотот на ВМРО-ДПМНЕ в понеделник

Врховниот суд на денеска на јавна седница расправаше за барањето за заштита на законитоста поднесено од Специјалното јавно обвинителство за пресудата за шестообвинетиот во случајот „Пуч“, Звонко Костовски.
СЈО, како што образложија обвинителките Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи, побарало заштита на законитоста од Врховниот суд бидејќи смета дека пресудата е незаконита и треба да се укине. Од Врховниот суд не соопштија кога ќе биде донесена и соопштена одлуката.
Скопскиот Кривичен суд на 25 февруари 2015 година донесе пресуда за поранешниот вработен во УБК, Звонко Костовски, со образложение дека како службено лице во МВР од 2010 година неовластено ја користел опремата на МВР за следење на комуникациите и во неа внесувал телефонски броеви на политичари и други јавни личности. Костовски ја потпиша спогодбата со Јавното обвинителство и се согласи за издржување затворската казна од три години.
Барањето до Врховен суд беше поднесено, бидејќи според СЈО казна не може да издржува само шестообвинетиот како помагач за нелегално прислушување, а притоа да не одговараат извршителите. Затоа СЈО побара ревизија на правосилната пресуда за да се утврди одговорност на сите фактори, како и поради контрадикторните факти во случаите „Пуч“ и „Таргет“.
Врховните судии денеска требаше да одлучуваат и по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за предметот „Талир“, односно да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ, но поради технички причини расправата е одложена и презакажана за понеделник.
СЈО изразува сомнеж дека имотот на ВМРО-ДПМНЕ е стекнат на незаконски начин, поради што побара негово замрзнување.
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Муцунски - Хоџа
-

Следните денови врнежи од дожд и посвежо
-

Комеморативен настан „Ден на сеќавање - 16 март 2025“: Да споменуваме дека имаме чета ангели на небото и да се гордееме што ги имавме со нас
-

Преживеан од трагедијата во „Пулс“: „10 дена кома и месец борба, животот е кревок, секој ден е подарок“
-

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани
-

Изминатиот викенд 1198 сообраќајни прекршоци, уапсени 42 лица за безобѕирно управување на возило
-

Чибишев: Денот кога се случи трагедијата во „Пулс“ и наредните 30-ина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера
-

Ајатолахот не сакал неговиот син да го наследи, не го сметал за бистар
