Кошарка
13. September 2017 - 7:48

Евробаскет: Словенија се избори за ново полуфинале

Кошаркарската репрезентација на Словенија ќе игра во полуфиналето на Евробаскет 2017 откако синоќа во четвртфиналето ја победи Летонија со 103:97 (34:23; 17:32; 25:11 и 27:31), во еден од најдобрите кошаркарски натпревари одиграни последните десетина години.
„Змајчеки“ во полуфиналето ќе играат против Шпанија, која беше подобра од Германија со 84:72. За Словенија ова ќе биде ново полуфинале по 2009 и шампионатот во Полска.
 
Во ефикасното четвртфинале Словенија во првиот период постигна 34 поени, а Летонија во вториот и во четвртиот по 32 односоно 31. Сепак за триумфот решавачка беше третата четвртина која Словенија ја доби со 25:11. 
Кај Словенија најпрецизни беа 18-годишниот Лука Дончиќ со 27 поени и капитенот Горан Драгиќ со 26, додека на дуелот најмногу поени постигна Кристапс Порзингис со 34.
 
Полуфиналето Шпанија - Словенија се игра во четврток, а денеска на програмата се другите две четвртфиналиња: Русија - Грција (почеток 17:45 часот) и Италија - Србија (почеток 20:30 часот).