Собранието ги одложи интерпелациите за министрите Царовска и Николовски
Свечената седница по повод посетата на Претседателот на словенечкиот Државен збор Милан Брглез ја одложи расправата за интерпелација на работењето на министрите за земјоделство и за труд и социјална политика.
Иако закажана за доцна попладнево, Талат Џафери ја прекина седницата и засега нема информации кога пратениците ќе ја оценуваат работата на Николовски и Царовска, по барање на опозицијата.
Доцна синоќа пак во 56 гласа против Собранието ја отфрли интерпелацијата за работењето на шефот на дипломатијата Никола Димитров, а пратениците во следниот период треба да разгледуваат уште 4 интерпелации поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подбра Македонија.
Опозицијата побара Собранието да изгласа недоверба и за работењето на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, министерот за финансии Драган Тевдовски, за животна средина Садула Дураку, како и за министерот за здравство Арбен Таравари.
Според најавите, овие точки пред пратениците треба да се најдат до крајот на неделава.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар