Пратеникот Бардуљ Даути предложен за кандидат на ДПА за градоначалник на Тетово

Актуелниот пратеник во македонското Собрание од редовите на ДПА Бардуљ Даути ќе биде кандидатот од оваа партија за градоначалник на општина Тетово на претстојните локални избори.
Ова беше решено на денешната седница на огранокот на ДПА за Тетово што се одржа во големата сала на локалната самоуправа.
Даути претходно беше член на Советот на општина Тетово во последните четири години, а на последните парламентарни избори беше избран за пратеник во републичкото Собрание заедно со неговиот лидер Мендух Тачи. Тие се единствените пратеници во Парламентот од редовите на ДПА. Со денешното назначување за кандидат за градоначалник на Тетово Даути најави дека ќе поднесе оставка на пратеничкото место.
- Оваа одлука да бидам назначен за кандидат за градоначалник ќе биде во полза на граѓаните на општина Тетово. Сакам тие да имаат подобар живот, а воедно и да се врати надежта за подобар живот. Тоа е најважната работа бидејќи до сега со минатата гарнитура на општинската власт и надежта ја немавме, изјави Даути по завршувањето на состанокот.
Ново на Сител
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
