Меркел: Германија поддржува преговори со Северна Кореја

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека веднаш би се согласила на преговори со Северна Кореја.
- Веднаш би рекла да, доколку не прашаат да им се придружиме на преговорите, истакна Меркел за германскиот неделник „Франкфуртер алгемајне сонтагсцајтунг“.
Таа се повика на моделот на преговори меѓу шесте светски сили со Иран од 2015 година.
- Можам да замислам таков формат за договор со Северна Кореја. Европа, посебно Германија би требало да биде подготвена да даде активен придонес, потенцира Меркел.
Канцеларката досега телефонски разговараше со лидерите на Франција, на САД, на Кина, на Јужна Кореја и на Јапонија за кризата со Северна Кореја, а утре предвидено е да разговара со претседателот на Русија.
Претходно, САД поднесоа предлог резолуција до Советот за безбедност на Обединети нации во која бараат нафтено ембарго за Северна Кореја, стопирање на нејзиниот извоз на текстил и замрзнување на банкарските сметки на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Предлог резолуцијата веќе доби поддршка од Велика Британија и од Франција.
Се претпоставува дека Русија и Кина ќе гласаат „против“ предлог резолуцијата за воведување на дополнителни санкции кон Пјонгјанг.
Меркел истакна дека поддржува санкции како начин за отпочнување на преговори со Северна Кореја.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
