Брнабиќ: Сакаме добри односи со Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави вечерва дека не разговарала ниту со македонскиот колега Зоран Заев, ниту со амбасадорката на Македонија во Белград, Вера Јовановска Типко околу можноста Македонија да го поддржи членството на Косово во Интерпол, но порача дека Србија ќе даде се од себе со Македонија да има само најдобри односи.
- Вечерва не сакам да зборувам за тоа. Вечерва ги славиме нашите добри односи и Денот на Македонија. Србија е отворена, флексибилна и ќе дадеме се од себе да имаме најдобри односи, истакна Брнабиќ, која во име на српската Влада и го честиташе празникот на Република Македонија.
Таа нагласи дека вчера разговарала со амбасадорката Јовановска Типко за натамошната соработка меѓу двете земји и потсети дека му упатила официјален повик на македонскиот премиер Зоран Заев да го посети Белград во ноември.
- Остана да го потврдиме датумот и да ја искористиме првата посета за планирање на заеднички седници меѓу двете влади. Очекувам добра и успешна соработка во иднина, додаде Брнабиќ.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Работиме деноноќно, но има поединци кои не го даваат својот максимум, ако не се коригираат ќе бидат сменети
-

Изминатите два дена 1177 сообраќајни прекршоци, приведени 25 лица за безобѕирно управување на возило
-

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
