Димитров: За нас ЕУ е она што би сакале да бидеме и како би сакале да функционираме

Европската унија е семејство на повеќе нации кои делат исти вредности, како владеење на правото, концепт на добро управување и слобода на медиумите. За нас ЕУ е она што би сакале да бидеме и како би сакале да функционираме, генерално тоа се просперитетни нации, а ние веруваме дека просперитетот доаѓа со демократијата и владеењето на правото, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за „BBC World Services“.
- Во периодот кога светот се повеќе се поврзува и испреплетува, или ако сакате – станува се помал; логично е сите ние да бидеме дел од ЕУ, доколку сакаме да останеме релевантни на глоабално ниво. Ниту еден од големите предизвици на глобално ниво не може да се реши на национално ниво од страна само на една нација. И во конкретниот контекст на Балканот, имаме само две сценарија: едното е европската агенда, каде границите не се толку важни бидејќи сите сме слични во однос на вредностите како се поставени нашите општества; другата опција е враќањето на дебатите за етникумите и границите и не мислам дека треба да одиме во таа насока. Затоа, треба да го искористиме европскиот процес во смисла на трансформирање на нашите општества за да станеме како земјите-членки. Би сакале да бидеме малку повеќе како некои од нив, помалку како другите, но не би ги именувал, изјави Димиртов.
Прашан што би можела Македонија да и даде на ЕУ, Димитров рече најпрвин, новата одлучност за да успееме, која беше родена низ искуството на преживување на криза и дава можност за Европа да каже дека можеби проширувањето навистина функционира.
- Тоа може да ги трансформира општествата. И во времето кога на Европа и недостасува самодоверба, можеби ова е регионот каде што може да се направи вистинската разлика: да се покаже на самите себеси (ЕУ), но и на светот дека проширувањето може да решава проблеми и исто така да поттикне позитивна динамика. И токму таква е динамиката на Македонија денес: позитивна, рече Димитров.
Димиртов, во однос на динамиката на преговорите за пристапување кон ЕУ, рече дека Македонија веќе 12 години е во чекалната.
- Македонија стана земја кандидат во 2005 година, така што ова е лекција што може да му се случи на регионот ако останеме на маргините на политичкото внимание, бидејќи географски ние не сме на маргините од Европа, изјави Димитров.
Ново на Сител
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
-

Доживотен затвор за братоубиство од користољубие во Кавадарци
-

Брнабиќ: Зад Србија останува неверојатно тешка година, се надевам дека 2026 година ќе биде понормална
-

Фатон Љури осуден на 11 години затвор за прегазување на пешак на кејот на Вардар
-

Горивата поскапуваат за половина денар
-

ДИК го усвои конечниот извештај за Локалните избори 2025, одлуки и за подготовка на повторените локални избори во четири општини
-

Мајка ја однела ќерката во „Пулс“, нејзиниот малолетен син се спасил бидејќи полицијата го избркала надвор
-

Алиу: До мај ќе имаме нов паркинг на Клиничкиот центар со „смарт“ инфраструктура и катна гаража
