Отворена Амбасада на Јапонија во Скопје
Со традиционалното кршење на бурето со саке, свечено беше отворена резидентната амбасада на Јапонија во Република Македонија, како возвратен чекор на отворањето резидентна македонска амбасада во Токио во 2015 година.
Интересно е што во двете земји амбасадорската функција ја извршуваат жени, во Јапонија Андријана Цветковиќ, а од нова година во Македонија Кеико Ханеда.
На свечениот чин присуствуваше државниот секретар за надворешни работи Казујуке Накане, кој доаѓа во прва официјална посета на Македонија.
,,Земајќи ја предвид важноста на Македонија, која е клучна за стабилноста и просперитетот на западнобалканскиот регион, одлучивме да отвориме амбасада на Јапонија во Скопје. Преку отворање на оваа амбасада, би сакале и понатаму да ги развиваме пријателските билатерални односи меѓу нашите две земји. Како државен министер за надворешни работи на Јапонија, одфговорен за јапонско-макеоднските односи, се заложувам да вложам максимални напори во унапредување на односите меѓу двете земји‘‘, изјави Хакане.
Јапонија во историјата секогаш била меѓу првите кои и помогнале на Македонија уште од времето на земјотресот во Скопје во 1963 година. Тоа нема да се заборави порача заменик-шефот на македонската дипломатија.
,,Република Македонија никогаш нема да ја заборави помошта која Јапонија ја даде во 1963, за време на бегалската криза, за време на полавите...‘‘, изјави Арта Точи.
Инаку, ,,Земјата на изгрејсонцето‘‘ е еден од најголемите донатори и најповолни кредитори во Македонија. Само во образованието, здравството и локалните заедници Јапонија доделила грантови во износ од над 270 милиони евра, заедно со 47 милиони евра за разна техничка поддршка и над 500 стипеднии, како и околу 100 милиони евра кредити за инфраструктурата.
-

Валентин Николоски
Сите содржини од овој новинар
