Истражување: За хрватските средношколци хомосексуалноста е болест, а само католиците се Хрвати
Хрватските средношколци покажаа катастрофално незнаење и поразителни резултати на истражување за политичката писменост на младите во земјата, спроведено од „ГООД иницијатива“, „ГОНГ“ и Институтот за социјални истражувања, објавува хрватскиот портал Индекс.
Истражувањето „Политичка писменост на матурантите во Хрватска“ спроведено на примерок од 1.146 матуранти опфаќа 19 прашања во три области, политички поими, уставно-политичко уредување и политичка информираност. На секое прашање, испитаниците требале да изберат еден од четири понудени одговори, но само еден од 1.146 ученици одговорил точно на сите поставени прашања.
Речиси една четвртина од учениците во завршна година во средно училиште не сметаат дека Независна Држава Хрватска (НДХ) била фашистичка творба, а половина од нив тврдат дека хомосексуалноста е вид нарушување или болест, и дека на луѓето со такво сексуална определба треба да се забрани јавен настап, бидејќи може негативно да влијае на младите.
Околу 40 проценти од матурантите цврсто се противат на секој обид за судски прогон на хрватските воени ветерани за злосторства извршени во војната за независност, додека 73 отсто не знаат кој е хрватски премиер, дури ни кога им се понудени четири можни решенија.
Најголем број матурнати одговориле точно на прашањето што значи поделба на власта и што е Устав. Истовремено, само 27 отсто од испитаниците одговориле точно на прашањето како се вика актуелниот премиер на Хрватска, при понудени Колинда Грабар Китаровиќ, Зоран Милановиќ, Јадранка Косор и Томислав Карамарко.
Испитувањето покажува дека младите во Хрватска се особено религиозни. Околу 43 проценти изјавиле дека се убедени верници кои прифаќаат се што учи верата, додека 25 се сметаат за обични верници.
Најголем степен на толеранција хрватските средношколци покажале кога станува збор за раса, вера или нација. Во однос на половата еднаквост, половина од испитаниците не се сложуваат со тврдењето дека мажот е тој што треба да заработува и го прехранува семејството.
Околу 40 проценти од матурантите сметаат дека Хрватска има побогата традиција од поголем дел од народите и дека вистинските Хрвати се католици.
Ново на Сител
-
Уште две деца повредени по новиот предизвик на „Тик ток“, хоспитализирана 15-годишна девојка
-
Вооружен грабеж во „Комерцијална банка“ во Чаир
-
Тошковски: Ќе покажеме дека криминалот и насилството се неисплатливи во Македонија
-
ФИФА и се извини на Украина што покажа карта без Крим во нејзината територија
-
Тошковски: Со истрагата за криминалната група „Беланоца-Барон“ најмалку седум убиства се расветлени
-
Меџити ја претстави Планската програма за почист воздух 2024-2030
-
Пронајдена почината британка на улица во Скопје
-
Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“