Шекеринска ќе ги посети припадниците на АРМ кои се на обука во словенечката касарна Церкље

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во рамки на дводневната посета на Словенија, денеска ќе се сретне со припадниците на АРМ кои во моментов се дел од обуката за противвоздушна одбрана.
Од Министерството за одбрана информираат дека целта на оваа обука е да се зајакнат способностите за планирање и спроведување на противвоздушна одбрана и да се подобри интероперабилноста помеѓу двете армии.
Пред министерката ќе биде презентирана обуката која се состои од теоретски и практичен дел за извежбување на ракувањето со лесниот преносен ракетен систем „Игла“. Заедничките обуки продолжуваат во октомври во Македонија кога припадници на вооружените сили на Словенија заедно со своите македонски колеги ќе ја реализираат воената вежба „Предизвик 17“.
Како што соопштија од Министерството за одбрана, министерката Шекеринска утрово остварила средба со претседателот на Одделот за одбрана во словенечкиот Државен збор, Жан Махнич и со членовите на собраниското тело за одбрана.
Вчера министерката Шекеринска во Љубљана имаше официјална средба со нејзината словенечка колешка, Андреја Катич. На маргините на Бледскиот стратегиски форум, министерката се сретна и со претседателот на Словенија, Борут Пахор, со европратеничката Тања Фајон, а имаше и работна вечера со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
Ново на Сител
-

Ангелов: Изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, граѓаните да бидат особено внимателни поради висок ризик од пожари
-

Министерот Клековски ќе информира за состојбата со западнонилска треска во државата
-

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа
-

Брисел: Украина сама треба да одлучи кога ќе одржи избори, ЕУ е подготвена да помогне
-

Трамп потпиша меморандум за зголемување на комерцијални вселенски лансирања
-

Хрватската Влада забранува исклучување на електричната енергија за ранливите потрошувачи
-

Сончево и многу топло до 40 степени
-

Двајца мажи од струшко нелегално копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга
