Бизнис
4. September 2017 - 16:43

Опозицијата предложи, власта прифати расправа по скратена постапка за три закони

ВМРО-ДПМНЕ предложи, СДСМ прифати Собранието по скратена постапка да разгледува три предлог закони за подобрување на условите и животниот стандард на граѓаните.

Опозициската партија предлага законски решенија за значително намалување на извршителските трошоци, зголемување на платите во јавниот сектор за 5 проценти и  обезбедување ваучери за компјутери за студентите кои првпат запишуваат трета и четврта година. 

Со предложената измена на законот за извршување, како што образложи Илија Димовски, извршителските трошоци во иднијна нема да можат да ја надмина главницата на долгот и со тоа ќе се излезе во пресрет на 300 илјади граѓани со вакви проблеми.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија предлагаат и од 1 јануари 2018 за пет отсто да биде зголемена платата на 120.000 вработени во јавниот сектор.

Третиот закон предлага студентите кои за првпат запишуваат трета и четврта година да добијат ваучери за набавка на компјутер, како што претходното владеачко мнозинство во два наврати веќе го носеше.

Акутелното мнозинство го поддржа ставањето на трите предлози на дневен ред по скратена постапка, но дали ќе ги поддржат допрва ќе ќе соопштат.

На собраниската седница по скратена постапка ќе се носи пакет закони на СДСМ, за минимална плата од 12.000 днеари, надоместок за група стечајци и укинување на радиодифузната такса.