Најмногу дожд во Крива Паланка и Берово, нови врнежи и вечерва - еве каде

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 33 Д. Капија, 32 Гевгелија, 31 Струмица, Штип, 30 Скопје Петровец, 29 Битола, Виница, 28 Тетово, Скопје, Кр. Паланка, 27 Прилеп, Берово, 26 Тополчани, Ѓуриште, Претор, 25 Охрид, 24 Пожаране, 21 Лазарополе, 20 Маврово.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 17 часот: 13 Кр. Паланка, 12 Берово, 6 Виница, Штип, 3 Ѓуриште, Струмица, 2 Скопје Петровец, 1 Д. Капија и помалку од 1 во Скопје, Претор, Тополчани, Маврово, Пожаране, Битола.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Од рано изутрина е променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите започнаа на југозапад и до 8 часот во Претор се измерен најмногу и тоа 13 литри на квадратен метар. Потоа врнежите се пренесоа кон североисток кон Штипско и Виничко. Попладнево на повеќе места а особено во северните делови дува и засилен претежно западен ветер. На југоисток се создаден линија на нестабилност која се протега од Радовишко кон Малешевијата и од неа има силни грмежи ветер и веројатно поројни врнежи од дожд. Линијата полека се пренесува кон исток.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Условите за нестабилност најдоцна ќе се задржат на исток и особено на југоисток, а во првиот дел од ноќта врнежите ќе завршуваат. Ветерот ќе стивнува иако и преку ноќта ќе е по малку ветровито.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Умерено облачно со повеќе облачност на северот, наутро свежо, а преку денот ветровито најмногу вдолж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намали УВ=6 Т- мин. од 7 до 15 а т-мин. 23 до 29 степени.
Во Скопје претпладне со зголемена облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Повремено ќе дува умерен северен ветер.Температурата ќе е во интервал од до 12 до 27 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Денес нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, поради што ќе биде променливо облачно и нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен најчесто југозападен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, со можност за појава на невреме. Пообилни врнежи се очекуваат најпрвин во северозападни делови од земјава, а потоа и во источните. Од утре времето ќе биде променливо, наутро доста посвежо. Дневните температури ќе се во постепено покачување. Во вторник попладне има услови краткотрајно да се појави локален дожд.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
