Јакимовски: Идејата за две смени во градинките добра, но не може да почне од 1 септември

Градинките во општина Карпош од утре нема да воведат втора смена. Градоначалникот Стевчо Јакимовски ја оцени идејата како добра, но вели дека градинките не се во можност да воведат ваков режим на работа од повеќе причини.
За да функционира оваа замисла во градинките во Карпош, смета Јакимовски, потребен е пред се, дополнителен персонал, како и дополнителни средства за продолжено греење и електрична енергија.
- По разговорот кој го имавме со раководствата на Јавните установи општински детски градинки, кои се вкупно десет на број, со жалење можеме да ве информираме дека не сме во можност од 1 септември да отпочнеме со работа во две смени. Во моментов сите наши објекти имаат недостаток на негувателки, воспитувачи и помошен персонал. Да се одвои дел од персоналот и да се прераспредели во втора смена и секоја прва сабота во месецот, пред сé, ќе биде на штета на децата кои се веќе згрижени, вели Јакимовски.
Според него, одговорноста за нефункционирањето на оваа идеја е на Министерството за труд и социјална политика, бидејќи одлуката ја донеле на 10 јули 2017 година, а истата е примена во опшина Карпош на 29 август 2017 година, што, вели Јакимовски, значи дека Министерството имало доволно време, да обезбеди согласност за нови вработувања и нови средства за дополнителни трошоци.
Ново на Сител
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
-

Г. Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и предадеме на младите поколенија
-

Трамп: Поморската блокада во Ормуска Теснина останува до потпишување договор
-

Над 900 сомнителни случаи на ебола регистрирани во ДР Конго
