Димитров-Коѕијас: Со зајакнување на довербата до решавање на проблемите

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска разговарале за разликите околу името, но повеќе, како што појасни македонскиот министер, за самиот процес за тоа како тој ќе се одвива, за методот и модалитетите, но и за што се интересите и грижите на двете страни по ова прашање за да има поголемо разбирање во однос на тоа како едната и другата страна го перципираат проблемот.
На средбата, како што истакна Димитров, тој изразил надеж дека Грција ќе ја препознае новата реалност во Република Македонија и искрената желба за пријателство.
- Очекуваме и се надеваме на помош и поддршка во нашите европски интеграции и сакаме една со друга да гледаме пријател и иден сојузник и да не се надмудруваме, рече Димитров.
Министерот Коѕијас истакна дека двете земји се мошне блиски соседи кои ги поврзуваат многу работи и затоа треба да се продолжи со градењето на мерките на доверба и решавање на проблемите во интерес на нивните граѓани.
- Грција поддржува и продолжува да ја поддржува со сите нејзини сили стабилноста, суверенитетот на оваа пријателска северна земја. Оваа ваша стабилност ја храни нашата стабилност, а нашиот развој ги храни и вашиот развој и стабилност, истакна Kоѕијас.
Додаде дека Грција се залага за стабилност на двете земји и на нивните меѓусебни врски и релации, за неменување на граници и на едната и на другата земја, за суверенитетот на секоја држава, но, како што рече, и за развојот на сите земји од Западен Балкан. Тој верува дека влегувањето на Западниот Балкан и посебно на Македонија во НАТО ќе биде добро за развојот на целиот регион.
- Што се однесува до НАТО, постојат одлуките од Букурешт и со тие одлуки и нивното реализирање оваа земја ќе стане член на НАТО. Како сега ќе се реализираат тие одлуки на НАТО не зависи од нас, туку зависи од тие што треба да одлучат. Ние ја сакаме оваа мила наша северна земја и во НАТО и во ЕУ, но ќе треба сето тоа да се оствари врз основа на правилата на ЕУ и НАТО. Државата кај што се наоѓам денеска има и европско лидерство, и европска Влада и европска перспектива, но елемент на европската перспектива е да се почитуваат одлуките и правилата, изјави Коѕијас.
На средбата двајцата министри разговарале за мерките за градење доверба, за унапредување на односите во делот на полициската соработка и безбедноста, во сферата на образованието, економијата...
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во Штип
-

Скопјанец физички нападнал полицаец кој вршел службени задачи
-

Кампања на РСБСП: АкоПиешНеВози,АкоВозишНемојДаПиеш -„СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН”
-

Зеленски: Вашингтон останува посветен на постигнување мировен договор
-

Мали ритуали - големи надежи со игрите на среќа на Државна лотарија
-

Почината жена пронајдена во езерцето во Градскиот парк во Струмица
-

Земјоделците привремено ги отворија сите автопатишта во Грција
-

Валц во СБ на ОН: Мадуро и неговиот наркокартел ќе бидат лишени од ресурси
