Од утре двосменско работење во повеќе институции и во градинките
Во повеќе институции од утре се воведува двосменско работење. УЈП, Царинската управа, Управата за водење на матични книги, МВР, подрачните отсеци во Секторот за управно-надзорни работи, Одделот за граѓански работи, Министерството за одбрана - одделенијата за одбрана на регион со градовите и општините во состав се институциите, први ќе почнат да работат во две смени.
Работното време во овие институции ќе биде од 7:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, а ќе се работи и првата сабота од месецот, но само во една смена од 8:00 до 16:00 часот.
Што се однесува до флексибилното време кое ќе се воведе, работниот ден ќе трае 8 часа со што почетокот на работното време ќе биде меѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршувањето меѓу 15:30 и 16:30 часот.
Од утре втора смена се воведува и во градинките, кои ќе згрижуваат деца до 21 часот и 30 минути. Работна ќе биде и секоја прва сабота од 8 до 16 часот.
Владата овие реформи ги воведува со цел да им излезе во пресрет на потребите на граѓаните.
Ново на Сител
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица
-
Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија
-
Зеленски: Русија се повеќе ја напаѓа украинската цивилна инфраструктура
-
31-годишник од Берово пријавил дека бил физички нападнат од едно лице во општина Аеродром во Скопје
-
75-годишен скопјанец пријавил дека неговите три внуки се оддалечиле од семејниот дом