Индустриското производство во јули се намалило за 2,2%
Падот следи по два месеци раст на прозиводстовто кои пак уследија по континуирано опаѓање од јануари до април што се поврзуваше со политичката криза.
Во рударстовото намалувањето е за 3,4%, а во преработувачката индустрија за 2,6%. Пораст бележи снабдувањето со електрична енергија, гас пареа и климатизација.
По индустриски групи раст има кај енергијата и нетрајните производи за широка потрошувачка, додека опаѓање бележат интермедијаните, капиталните и трајните производи за широка потрошувачка.
Од ВМРО ДПМНЕ бројките сведочат за погрешните политики на владата.
Од СДСМ пак реплицираа дека опозициксата партија преку лажни вести се обидува да ги засени успесите на новата влада и да го сокрие хаосот од 11-годишното криминално владеење. Од таму порача дека е лага дека се намалуваат бруто и нето просечната плата и дека граѓаните гледаат суштинска разлика во управувањето со парите.
-
Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар