Одбележан Денот на рударите во РЕК„Битола“ и во РЕК „Осломеј“

Во рудникот Суводол на РЕК„Битола“ денеска беше одбележан 28 август - Денот на Македонските рудари. На свеченоста, покрај менаџерскиот тим на РЕК„Битола“ и вработените на Комбинатот, присуствуваа и претставници на УО на АД ЕЛЕМ Скопје, предводени од директорот за производство на електрична енергија Благојче Трповски.
Директорот на рудниците на РЕК„Битола“ Зоран Богдановски во своето обраќање го истакна значењето на работата на рударите во крајните производни резултати на РЕК„Битола“, осврнувајќи се на постигнатите резултати на оваа производна единица во периодот помеѓу двата празници.
На присутните им се обрати и директорот за производство на електрична енергија на ЕЛЕМ, Благојче Трповски, кој во своето излагање посочи дека инвестициите на компанијата во РЕК„Битола“ се насочени кон зајакнување на неговите капацитети и продолжување на неговиот век на работење.
Во изминатиот период, како што додаде, превземени се серија на теренски истраги околу резервите на јаглен во околината на РЕК„Битола“, а во тек се и подготвителни активности за активирање на јагленовите лежишта Живојно и Мариово. - За проектот Живојно во тек е изработка на главен рударски проект и негова ревизија, додека во однос на Мариово изработена е физибилити студија околу начините на транспорт на јагленот од тоа лежиште до РЕК„Битола“, рече Трповски.
Според него, во наредните две години ќе се реализира инвестицијата за набавка на рударска опрема која ќе ги засили капацитетите на рудниците во РЕК„Битола“, кои со свои сили, без ангажирање на надворешни компании ќе можат во целост да ги задоволат потребите од гориво за термоелектраните
На прославата во рудникот Суводол традиционално беа прогласени и најдобрите рудари за оваа година како и победниците на спортските работнички игри, кои синдикалната организација ги организира во чест на Денот на рударите.
Денот на рударите, како што стои во соопштението од АД ЕЛЕМ, беше пригодно одбележан и во рудникот на РЕК „Осломеј“.
Ново на Сител
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
