Честитка од Груевски по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Претседателoт на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод празникот Успение на Пресвета Богородица денеска упати честитка до поглаварот на Македонска православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан и до сите православни верници во Република Македонија и дијаспората.
- Дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синодот на МПЦ-ОА, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви го честитам големиот христијански празник - Успение на Пресвета Богородица и да Ви посакам добро здравје, спокој, радост, мир и разбирање во секој дом и во секое семејство, пишува Груевски во честитката.
Славејќи го овој празник, како што вели Груевски, го славиме богоугодниот живот, добрината, смирението, скромноста и љубовта кон Бога и луѓето, за што не учи делото и примерот на нашата мајка - Пресвета Богородица.
- Како народ кој столетија наназад, со неизмерна почит, го слави овој голем христијански празник, денес истовремено ги славиме и традиционалните вредности на нашето општество и на нашите семејства. Во нашите традиционални вредности ликот и личноста на Пресвета Богородица се слика за ликот и значението на жената како мајка и столб на семејството. Вредности кои не движеле низ вековите и кои треба да ни бидат пример за насушно потребното човекољубиво функционирање и во иднина, бидејќи само така ќе се задржиме на вистинскиот пат, пишува во честитката.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ повика на денешниот голем празник, заедно да се помолиме за здравје, мир, спокој, радост, благодети, успеси и спасение за секој човек, секое семејство и целата наша држава во меѓусебна љубов и закрила на Пресвета Богородица.
Ново на Сител
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
-

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип
-

Трамп: Лицата кои оддаваат информации за воените операции на американската армија треба да бидат стрелани
-

Кривична пријава против полициски службеник - фалсификувал дарување крв
-

Мадуро денеска ќе се појави пред суд во САД по нови обвиненија за тортура
-

Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства
-

Маск сугерира дека американската влада е одговорна за ограничувањето на воената сателитска мрежа во Украина
