-->
-->
Макрон за три месеци потрошил 26.000 евра за шминкање
-->
Францускиот претседател Емануел Макрон потрошил 26.000 евра на своето разубавување, откако пред три месеци стапи на чело на државата, објави списанието „Пуан".
Личната шминкерка на Макрон на Елисејската палата и доставила две сметки од 10.000 и 16.000 евра, за шминкање на претседателот пред неговите патувања и средби со новинарите.
Сепак, податоците говорат дека тој и не е така „расипнички“ настроен... Само за споредба, неговиот претходник Франсоа Оланд квартално трошел 30.000 евра за шминка, а бруто платата на неговиот личен фризер пак, изнесувала 9.895 евра. Никола Саркози за фризура и шминка трошел нешто помалку од Макрон, околу 8.000 евра месечно.
Советниците на Макрон по ова, соопштуваат дека тие суми ќе бидат значајно помали во иднина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Охрид домаќин на финалниот турнир во ракометниот Куп на Македонија
-
Абутовиќ и во новата сезона во дресот на Еурофарм Пелистер
-
Фудбалерките на Љуботен го освоија Купот на Македонија
-
Босна ја освои титулата во АБА 2
-
Папата Лав Четиринаесети го прими Синер
-
Мбапе се запиша во историјата на Реал Мадрид
-
МВР со апел за безбедни матурски прослави
-
457 лица заа 3 години загинале во сообраќајки во Македонија