Гонзалес ќе им даде шанса и на помладите
Европскиот и македонски ракометен првак Вардар во новата сезона во своите редови ќе има едно интернационално засилување, Данис Криштопанс, како и играчите од втор тим, Даниел Ѓорѓевски, Тоше Ончев, Мартин Поповски и Марко Кизиќ. Тренерот Раул Гонзалес сака да им даде шанса и на овие ракометари да се борат за место во првиот тим.
- Треба да играат без притисок, тешко е да играат Лига на шампиони на високо ниво. Но, јас сакам тие да играат, и треба да играат, ама без притисок. Постојано ќе тренираат со нас и ќе ја чекаат и добијат шансата за игра. Сигурно е дека на некои натпревари сите овие ќе добиваат поголема минутажа, но нивно е да тренираат, вели Раул Гонзалес.
Вардарци ги очекува настап во Катар на Супер Глоуб.
- Трениравме многу за физичка кондиција. Треба да играме и пријателски мечеви.
Не знам колку сум задоволен, зашто не можеш да бидеш задоволен кога губиш. Но во Германија нашите ривали имаа повеќе контролни средби претходно и порано ги почнаа подготовките. Нам ни беше важно да воигруваме различна одбрана и да бидеме спремни за секое можно сценарио, смета шпанскиот стручњак.
Утре екипата заминува за Катар каде првиот ривал во четвртфиналето е тим од Иран, Гашаран. Тој меч е закажан за 25 август во 14 часот.
- Не знаеме ништо за противникот. Некои тренери со кои контактирав ни кажуваат дека Гашаран имаат добри играчи, но не знаеме како ќе треба да играме против нив. Сега треба да се фокусираме на тој прв натпревар, па ќе видиме за понатаму, вели Гонзалес во изјава за клупскиот сајт.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата