ВМРО-ДПМНЕ: Решение е отворање нови градинки, а не двосменско работење

ВМРО-ДПМНЕ смета дека во поголемиот број општини е потребно зголемување на капацитетите или отварање на нови градинки, а не воведување втора смена, како што најавија од Министерството за труд и социјална политика.
- Намерата да се отвара втора смена со постоечкиот кадар ќе ги преполови сегашните капацитети. Доколку во една градинка преку ден се згрижувале 200 деца, со мерката што планира да ја реализира СДСМ, во градинката ќе може да се згрижат само 100 бидејќи половина од персоналот ќе биде прераспореден во втора смена, истакна Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата сметаат дека СДСМ ризикува да го оптовари системот за згрижување на најмладите, децата на предучилишна возраст. Оваа мерка, рече Попова, ќе ги зголеми трошоците, а во ребалансот на буџетот за 2017 не се предвидени средства. Со двосменското работење на градинките следствено ќе треба да се вработи дополнителен персонал кој ќе може да ги опслужува овие установи, а со тоа се зголемуваат трошоците без притоа да се зголемат сместувачките капацитети.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат и дека анкетата што ги направила преходната Влада се покажало дека не постои интерес за воведување на втора смена. Од вкупно 54 општини во кои има 65 градинки само 4 покажале интерес за двосменско работење што е само 7% од вкупниот број на градинки.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО
-

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО
-

Мицкоски: Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?
-

Се снимал додека пукал во воздух за на социјални мрежи - Кривична за жител на Чашка
-

Мицкоски: Како ниедна држава во Европа интервениравме директно од буџетот со намалување на ДДВ на нафтата
-

Автобус удрил во 16-годишно девојче пред училиште во кумановско
-

Кривична за татко од Крива Паланка за запоставување на родителската должност
-

Марихуана и кокаин пронајдени во Затвор Идризово
