Протест на жителите на Тетово по саботниот пожар на депонијата
Жители на Тетово во организација на невладината Еко герила денеска повторно протестираа на депонијата кај претоварната станица на влезот во градот. Според претседателот на Еко Герила Аријанит Џафери протестот е поради големиот пожар што ја зафати депонијата во саботата.
- Би било тешко и кривично дело ако се покрене, сомневање дека оваа депонија била запалена за да се искористи како политичка арена за предизборни цели, каде што животот и здравјето на граѓаните на Тетово било загрозено за внатрепартиски и меѓупартиски позиции или за конфликти за валкани и сомнителни деловни интереси. Ние сметаме дека пожарот во сабота беше последица бидејќи причината е депонијата што е тука со години поради негрижа и незаинтересиранот на властите да ја отстранат, изјави Џафери.
Бараме, посочи тој, од надлежните институции да ги изведат пред лицето на правдата одговорните лица кои сериозно го загрозуваат заравјето и животот на граѓаните.
Џафери рече дека се задоволни од започнувањето на чистењето на депонијата, но и оти ќе продолжат со борбата за стекнување на правото за чиста животна средина, како и дека секојдневно ќе ги следат активностите за да бидат сигурни дека отпадот што ќе се отстрани од депонијата во Тетово ќе заврши на соодветна локалција и нема да предизвикува проблем на друго место.
По завршувањето на протестот пред влезот на претоварната станица помал дел од учесниците се упатија кон зградата на Општина Тетово и на влезната врата залепија налепници на кои беше отпечатен членот 218 од Кривичниот законик на Македонија, а што се однесува на загадувањето на животната средина и природата и којшто предвидува казна затвор од 4 до 10 години затвор за лицата што нема да се придржуваат кон прописите а со тоа влијаат врз здравјето на луѓето и средината.
Ново на Сител
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен