Македонија
29. September 2015 - 17:55

Во “Декадата на Ромите”, 70 проценти од предвидените проекти веќе се реализирани

Според министерот без ресор, Неждет Мустафа, со над 70 проценти реализирани проекти кои се дел од “Декадата на Ромите”, Македонија зазема едно од челните места и служи како своевиден пример за повеќе земји, со проектите од областа на инфраструктурата, образованието, здравствената заштита и воопшто при инклузијата на Ромите во македонското општество.
 
Токму во рамките на овој прокет, денеска, во Прилеп, за прв пат во 50 години, започна поставувањето на канализација на улицата “Ердован Шабаноски”, во ромската населба “Тризла” која,  за еден месец ќе биде и асфалтирана.
 
При денешната работна посета на Прилеп, министерот Мустафа ја посети и Детската градинка “Тризла” каде се сместени и 30 ромски деца.