-->
-->
Четириесет единици крв собрани во крводарителска акција во Неготино
-->
Четириесет единици крв беа собрани во крводарителската акција која беше реализирана денеска во Музеј на град Неготино, во организација на неготинскиот Црвен крст, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
- Вообичаено е лете да има крводарителски акции, поради поголемите потреби од крв, рече доктор Ефтим Димитровски од Институтот.
Тој ја оцени акцијата како солидна и информираше дека во тек е реализацијата на годишниот план за крводарувања, кој го спроведуваат заедно со Црвениот крст на Македонија.
- Секојдневно има акции насекаде во Македонија. Дарителите можат да дојдат и да ја даруваат својата скапоцена течност, нагласи Димитровски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури
-
Три пожари во Крива Паланка, градоначалникот бара итна интервенција | ВИДЕО
-
Тешко повреден велоспедист во сообраќајка на патот Радовиш-Штип
-
Запалено столче во спортска обложувалница во Скопје
-
Градежен работник починал од струен удар
-
ЕП: Албанија е единствена земја на Западен Балкан каде сите политички актери се проевропски
-
ЕЦХР изрече две пресуди против Русија поради кршење на меѓународното право во Украина
-
Мизрахи: Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување