Димовски: Собранието да работи согласно Деловникот
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски денеска упати апел до претседателот на Собранието Талат Џафери и до парламентарното мнозинство да работат согласно Деловникот бидејќи, како што оцени, „постои тенценција на воведување на Собранието во некаков нов инцидент“.

- Тоа се случи пред два дена кога последен пат имавме седница, тоа на некој начин се случи и денес со провокациите кои беа присутни внатре во салата и од страна на господинот Џафери и од страна на други пратеници на кои што господинот Џафери воопшто не реагираше. Би сакал да апелирам повторно да се доведе под ред работата на Собранието во смисла на почитување Деловник, Закон и Устав, изјави Димовски.
Воедно, го повика спикерот Џафери да не се дозволат какви било инциденти во Парламентот.
- Затоа апелирам до господинот Џафери да си ја спушти својата нервоза, која што се поочигледно е присутна. Го разбираме, средина на август е, можеби имал поинакви планови за овој месец. Доведен е во ситуација да работи секојдневно, но обврската на сите нас е да бидеме и прибрани и пристојни и коректни и да се трудиме да не дојдеме до ситуација на какви било инциденти и провокации во Собранието, изјави Димовски.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
