Кодели: Состојбата со пожарите во Албанија драматична

Албанската министерка за одбрана Мими Кодели денеска изјави дека ситуцијата со пожарите во Албанија е драматична, поради временската стуација со високи температури и недостиг на дождови.
- Ситуацијата е драматична, но не само во Албанија, туку низ цела Европа. Временската состојба е вон нормалата, поради премногу високите температури и недостигот на дождови. Министертвото за одбрана и Владата, се максимално ангажирани во справување со оваа ситуација, посочи Кодели.
Како што јави дописникот на МИА, таа додаде дека пожари се гаснеле во девет околии, при што ангажирани биле 2.750 припаднци на Армјата или една третина од вкупниот армиски човечки потенцијал.
Кодели нагласи дека ваквата тешка стуација со која се соочуваат и други држави, условила и силни држави, како што се Франција и Португалија да бараат помош.
Таа упати апел до сите граѓани да придонесат во справувањето со ситуацијата.
- Апелирам до сите да бидат внимателни и да не ја влошуваат ситуацијата. Акциите за гаснење на пожарите чинеа над 30 милони леки, пари од даноците на граѓаните. Треба да се грижиме за шумите, затоа ве замолувам сите заедно да го подигнеме нивото на внимание и грижа, порача Кодели.
Министерката информираше дека подофицер на специјалниот армиски батаљон, вчера се здобил со повреда во пределот на долните екстремитети при гаснење на пожар во околијата на Тирана. - Неговата здравствена состојба е добра, додаде таа.
Ново на Сител
-

Куба се подготвува за можна воена агресија, изјави претседателот Дијаз-Канел
-

САД ја укинаа забраната за летови, се очекуваат доцнења
-

Трамп ќе се сретне со Путин и Шји следната седмица, потврди Белата куќа
-

„Мајкрософт“: Обновени услугите на „Тимс“, „Аутлук“ и „Копилот“ по глобалниот прекин
-

Вонредна ситуацијата во САД, прекинати сите полетување на авиони
-

Мицкоски на увид во градежни активности на проект за подобрување на водоснабдувањето во руралната населба Каменик во Кисела Вода
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
