Пратеничката група на СДСМ го поздрави распишувањето на локалните избори
Пратеничката група на СДСМ и коалицијата во Собранието го поздрави денешното распишување на локалните избори.
- Очекуваме убедлива победа на нашите кандидати за градоначлници и листи за советници, во интерес на граѓаните.
Со победата на СДСМ на претстојните локални избори, како што рече, започнатиот процес на реформи и ослободување ќе продолжи и на локално ниво.
- По промената на локалните власти целосно ќе запре партизацијата и заробеноста на институциите на општинско ниво, што денес во голем број се заробени и партизирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓанската опција предводена од СДСМ носи нови вредности и нови придобивки. Општините ќе работат за граѓаните и олеснување на нивниот живот. Граѓаните во центарот на вниманието и решавање на нивните проблеми и на локално ниво ќе биде реалност, истакна Тунтев.
Тој ги повика сите учесници во изборниот процес да се однесуваат одговорно и со нивното дејствување да придонесат во одржувањето фер и демократски избори.
Пратеничката група на СДСМ и коалицијата во Собранието очекува дека надлежните институции за организација на изборите ќе бидат подготвени ефикасно и професионално да одговорат на предизвикот за организирање на фер, слободни и демократски избори што во целост ќе ја рефлектираат волјата на гласачите.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови