Варадкар: За односите меѓу Британија и ЕУ по Брегзит потребни се единствени решенија

Ирскиот премиер Лео Варадкар изјави дека за односите меѓу Обединетото Кралство и Европската унија по Брегзит се потребни решенија, кои ќе бидат единствени според видот.
Меѓу можните варијанти според него се создавање на билатерална царинска унија и алтернатива на Судот на ЕУ, кој ќе врши надзор врз секоја идна спогодба.
По излегувањето на Велика Британија од ЕУ, Ирска ќе стане единствената земја-членка на Унијата со копнена граница со Обединетото кралство. Аналитичарите сметаат дека од сите земји во ЕУ, Ирска ќе биде изложена на најголем степен на последиците од Брегзит.
Ирскиот премиер денеска ја посети Северна Ирска прв пат, откако во јуни беше избран на функцијата.
Вардакар изјави дека на Велика Британија и ЕУ им се потребни единствени усогласени решенија доколку сакаат да ги избегнат штетите од падот на трговијата.
- Зошто да немаме на пример царинска унија меѓу ЕУ и Британија? Веќе имаме таква унија со Турција. Сигурно можеме да имаме и со Велика Британија, нели? рече Вардакар во говорот во Универзитетот „Квинс“ во Белфаст.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
