ВМРО-ДПМНЕ бара да нема рок за легализација на имотите на граѓаните

Група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија денеска поднесоа Предлог закон за дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште со кој се бара да не постои краен рок во кој граѓаните можат да покренат постапка за приватизација и откуп, односно легализирање на нивниот имот.
- Главната причина поради која го поднесуваме ова дополнување на Законот за приватизација и закуп на градешно земјиште е големемиот број на граѓани што не биле во можност да го остварат своето право за приватизација на неизграденото земјиште, а исто така не поднеле ниту пријава за промена на правото на користење во право на сопственост во рокот до 15 јуни 2016 година, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска.
Со предложеното законско решение, нагласи, оваа бариера ќе се надмине и на оваа категорија на граѓани ќе им се овозможи да се стекнат со правото на сопственост на ова земјиште кое е нивна поранешна сопственост.
- Со овој предлог, во постојниот закон се додава нов член со кој се дава можност на граѓаните кои ја пропуштиле можноста да поднесат пријава до катастар до 15 јуни 2016 година да можат да го откупат тоа земјиште во било кое време, односно за разлика од предходните измени со кои се пролонгираше рокот за поднесување на барања овој пат со овие дополнувања нема да постои рок до кој треба да се поднесат барања од страна на граѓаните кои што се уште немаат поведено постапка, рече Ласовска.
Таа посочи дека до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се уште доаѓаат барања од граѓаните кои од најразлични причини не успеале во дадените рокови со закон си ги легализираат имотите.
- Овие дополнувања на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште имаат за цел токму тие граѓани кои не се во мал број да ја имаат истата можност за решавање на нивната имотна сопственост, потенцира Ласовска.
Ново на Сител
-

Израел тврди дека го убил командантот на морнарицата на иранската Револуционерна гарда
-

Андоновски: Системот за електронско управување со документи не бил тестиран за безбедносни слабости, направени се тестирања и надминати се сите недостатоци
-

Трамп: Иран врз базата Диего Гарсија лансира ракета која „наводно ја нема“
-

Николоски: Блокираните ДУП-ови се причина за 2.500 евра квадрат во Скопје и 4.000 евра во Охрид
-

Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат
-

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемијата
-

Иран го отфрли американскиот мировен предлог како „едностран и неправеден“
-

Лука Кипровски влегува во WAKO PRO водите – дуел со шампионот Кликавац во Црна Гора
